Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Утре се очекува да се обезбедат средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза

Министерот за здравство, Беким Сали со објава преку својот  Фејсбук профил информира дека се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза.

„На вчерашната владина седница иницирав обезбедување финансиски средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза. Се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства. Продолжуваме да се грижиме за здравјето на сите  пациенти“, напиша Сали.

Набавката, како што посочуваат од МЗ, ќе се одвива во неколку фази, а во рамки на првата фаза, се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза.

Асоцијацијата за цистична фиброза преку  Фејсбук најави нов протест в сабота од 12 часот пред Владата, со кој повторно ќе побараат да се обезбеди терапија за болните од цистична фиброза.

Повикот за протестот доаѓа откако Асоцијацијата на крајот на декември одржа протест пред Министерството за здравство. Оттаму тие побараа да се обезеди новата терапија за болните, но и алармираа за проблемите со доцнењето на постоечката терапија, како и проблемите со хоспитализацијата на овие лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен