Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Секоја година ќе се зголемуваат платите во администрацијата, а паралелно ќе работиме на оптимизација

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во гостувањето во Сител телевизија истакна дека после 15 години е потпишуван нов Општ колективен договор со за јавниот сектор, кој содржи нови права за работниците кои досега не биле овозможени.

-Креиравме нов систем за  постојан раст на платите во јавниот сектор. Тоа значи дека платите во јавниот сектор ќе се пресметуваат по нова формула, односно секоја година ќе се зголемуваат, рече Тренчевска.

Таа додаде дека последните години постојано си заминуваат добрите работници од јавниот сектор и одат во приватниот каде што има повисоки плати. Со ова им гарантираме дека ќе им се зголемуваат платите во јавниот секто, истакна министерката.

Тренчевска нагласи дека ќе следува и реформа на администрацијата.

-Треба да направиме оптимизација. Тоа не значи дека административците ќе загубат работа, туку да се распределат, од онаму каде што ги има на место каде што недостасуваат, заклучи Тренчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен