Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поранешен соработник на Навални осуден на девет години затвор во Русија

 Поранешниот соработник на движењето на Алексеј Навални, Вадим Останин, е осуден на девет години затвор поради „екстремизам“, соопшти денеска главниот тим на рускиот опозициски лидер.

Останин, кој ја водеше канцеларијата на тимот на Алексеј Навални во Барнаул, во сибирската република Алтај, беше на суд поради „учество во екстремистичка организација“.

Во јуни 2021 година, рускиот суд ги означи организациите на Алексеј Навални како „екстремистички“, изложувајќи ги нивните активисти на сериозно судско гонење, што доведе десетици од нив да избегаат во странство за да избегнат затвор.

Останин, кој остана во Русија, беше приведен во декември 2021 година, истиот ден со уште четворица поранешни функционери на организацијата на Алексеј Навални, кои сè уште беа во земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново