Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ и додели на Украина 1,5 милијарди евра помош за обнова на инфраструктурата

ЕУ ѝ додели на Украина помош од 1,5 милијарди евра, што треба „да и помогне на државата да продолжи да функционира и да ја обнови инфраструктурата“, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објавена на Твитер.

Средствата се дел од програмата за европска финансиска помош за Киев во вредност од 18 милијарди евра.

Фон дер Лајен додаде дека остро ги осудува руските напади врз украинските магацини за жито и инфраструктурата поврзана со извозот.

„Додека Русија ја продолжува својата безмилосна војна, ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина“, напиша претседателката на ЕК, додавајќи дека „ќе има уште“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен