Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Речиси четвртина од луѓето кои го погледнале „Барби“, одат в кино првпат по пандемијата

Од испитаниците, 45 насто би сакале да одат почесто на кино, но проблем е цената на влезниците. Ним би им бил потребен уште еден филм „возбудлив како ‘Барби’ за да ги врати в кино“

Филмот „Барби“ на голема мера ги врати љубителите на филмот во кино, покажува ново испитување на сервисот за филмови, анализа и статистика, „Кворум“ (The Quorum).

Анкетирани биле 1.800 купувачи на билети за „Барби“ во САД во текот на три недели, откривајќи дека 11 отсто „не се сеќаваат на последниот филм што го гледале в кино“. Натаму, други 11 отсто рекле дека „Барби“ е првиот филм што го виделе во кино од почетокот на корона-пандемијата во 2020 година.

Така, проценките говорат дека 22 насто од вкупниот број луѓе кои отишле в кино заради „Барби“ би биле еднакви на околу девет милиони луѓе. Во меѓувреме, 46 насто од испитаниците велат дека одат во кино „постојано“, додека 32 отсто одговориле – „понекогаш“.

Од испитаниците, 45 насто би сакале да одат почесто на кино, но проблем е цената на влезниците. Ним би им бил потребен уште еден филм „возбудлив како ‘Барби’ за да ги врати в кино“, како што гласи одговорот во изборот. Само 15 отсто одговориле: „Мислам дека ‘Барби’ не значи дека ќе почнам да гледам повеќе филмови во кината. Ова беше еднократно искуство“.

Просечната оценка на ИМДБ засега е 7,4 / 10, од вкупно 225.000 гледачи кои го оцениле филмот. На „Ротен томатос“, го препорачуваат 83 отсто од оценувачите.

Неколку многу очекувани изданија ќе се појават во кината следните неколку месеци, но и покрај очигледната „глад“ кај филмофилите, кој колку ќе биде успешен, допрва ќе се види, се вели во написот. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен