Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Доделени наградите за најдобри ТВ серии на Филмскиот фестивал во Сараево

ТВ серија „Вера“

Синоќа се одржа церемонијата на доделување на наградите „Срцето на Сараево“ за ТВ серии на 29. Сараевски филмски фестивал, а беа доделени награди во повеќе категории

„Срцето на Сараево“ за најдобра драмска серија го доби ТВ серијата „Котлина“, за најдобра главна женска улога во драмска серија Јована Стојиљковиќ за серијата „Вера“, а за најдобар главен актер во драмска серија наградата ја доби Феѓа Штукан кој глуми во серијата „Котлина“.

За најдобри епизодни улоги „Срцето на Сараево“, го добија Ида Кешкиќ и Борис Лер („Котлина“). Наградата „Ѕвезда во подем“ ја доби Денис Муриќ за улогата во серијата „Златно момче“.

Во категоријата најдобра режија за епизода на драмска серија „Срцето на Сараево“ го добија Данис Тановиќ и Аида Бегиќ за „Котлина“, а таа серија ја доби и наградата за најдобро сценарио што ја споделија Данис Тановиќ, Амра Бакшиќ Чамо, Никола Купрешанин и Аднан Лугониќ.

Во категоријата за најдобра комедија, „Срцето на Сараево“ го доби ТВ серијата „Мама и тато играат војна 2“. Таа серија исто така доби награда и за најдобар режисер, Гордан Кичиќ и за најдобро сценарио, награда која ја поделија Гвозден Ѓуриќ, Марко Манојловиќ и Гордан Кичиќ.

Најдобра главна актерка и најдобар главен актер во категоријата комедија се Нина Јанковиќ Дичиќ и Гордан Кичиќ „(Мама и тато играат војна 2“), а актерот Алексеј Бјелогрлиќ од истата серија ја доби наградата за ѕвезда во подем во категорија на комедии.

Извор: N1 / Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново