Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ најави избори: Ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека изборите во Србија ќе се одржат многу брзо, за три или шест месеци, а најдоцна за шест-седум месеци, пишува Данас.

Тој пред новинарите во Будимпешта, каде што допатува во дводневна посета, изјави дека локалните и покраинските избори се регуларни, а најверојатно ќе се одржат и парламентарни избори.

Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, дека Владата во Белград веќе паднала „само не го знае тоа“ и дека поради кукавичлук не распишал избори во Белград, нагласи дека „сто пати“ ја прашал опозицијата кога сака да се одржат избори.

Па, ова не е фонтана на желби, да барате избори во Белград, а другите не ги сакате. Многу брзо ќе има избори. Дали за три или шест месеци, избори сигурно ќе има во следните шест до седум месеци“, нагласи Вучиќ.

Print Friendly, PDF & Email

Tags: ВучиќизбориСрбија

Зачлени се на нашиот е-билтен