Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Камења вчера вечер летале кон македoнскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Како што објавија бугарските медиуми, ноќеска околу 21 часот по локално време било скршено стаклото на влезната врата.

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград беше отворен во тензична атмосфера на 30 октомври минатата година во присуство на гости од Македонија и Македонци што живеат во Бугарија. Во меѓувреме немаше посебни провокации, само една од буквите на натписот беше излупена.

Каменувањето на македонскиот клуб доаѓа по денешната тензична атмосфера на граничниот премин Деве баир, кога поради дефект на системот стотина бугарски граѓани не беа пропуштени да ја преминат границата, при што тројца Бугари беа уапсени, и подоцна казнети со по 300 евра казна и протерани од Македонија.

М. Д. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен