„Земјотресот во јужниот дел на Турција претставува огромна трагедија со многу жртви, повредени и материјална штета која го отежнува справувањето со последиците“, напиша на својот Фејсбук профил, министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ, преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки во земјава“, пишува Османи.
Со Турција, како што додава, имаме блиско и долгорочно партнерство кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји.
„Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сѐ што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја“, додава Османи во напишаното.
Земјотресот во јужниот дел на Турција претставува огромна трагедија со многу жртви, повредени и материјална штета која го отежнува справувањето со последиците.
Утрово испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ, преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош каде што ќе биде потребна, за што веќе се прават подготовки во земјава.
Со Турција имаме блиско и долгорочно партнерство кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји..