Наместо „Вордпад“, технолошкиот гигант ќе го препорача „Ворд“ – платена програма којашто отсекогаш била многу побогата со функции и можности.
„Мајкрософт“ веќе нема да го надградува „Вордпад“, а следи и целосно отстранување на таа програма од „Виндоус“. Инаку, „Вордпад“ е дел од оперативниот систем уште од верзијата „Виндоус 95“.
Наместо „Вордпад“, технолошкиот гигант ќе го препорача „Ворд“ – платена програма којашто отсекогаш била многу побогата со функции и можности.
„’Вордпад’ веќе нема да се надградува и ќе биде отстранет од идните верзии на ‘Виндоус’. Го препорачуваме ‘Мајкрософт ворд’ за долги текстуални документи како што се ‘.доц’ и ‘.ртф’ и ‘Виндоус ноутпад’ за обични текстуални документи како што е ‘.тx’,“ соопшти компанијата.
„Мајкрософт“ претходно најави и ново подобрување на „Ноутпад“ со функции како автоматско зачувување написи и автоматско внесување јазичиња. Технолошкиот конгломерат го надгради „Ноутепад“ и во 2018. – првпат по повеќе години и продолжи со новите дополнувања во „Виндоус 11“. (МИА)