Продолжен викенд, АМСМ предупредува на одрони на неколку патни правци

Евзони

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и претежно по суви коловози, но АМСМ предупредува на можни одрони на повеќе делници пред продолжениот викенд по повод 11 Октомври.

Интензитетот на сообраќај надвор од населените места е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ предупредуваат на зголемена опасност од одрони на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Возачите се повикуваат да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни при движење низ клисури, речни долини и котлини.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со тежина до 3,5 тони.

Продолжениот викенд е по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Бидејќи празникот годинава се паѓа во недела, понеделник, 12 октомври, е неработен ден.

АМСМ им препорачува на граѓаните кои планираат патување да ја проверат состојбата на патиштата непосредно пред тргнување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Црвено светло: суштински не го признава 710 (37%)
37 %
Чисто зелено: го признава без дилема 530 (27%)
27 %
Жолто светло: ставот на ЕУ останува нејасен 340 (18%)
18 %
Зелено со резерви: го признава, но не доволно уверливо 258 (13%)
13 %
Во магла сум: немам доволно информации 100 (5%)
5 %

Најчитано