Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Расте бројот на жртви во земјотресот во земјотресот во Турција и Сирија

Според најновите податоци во денешните два земјотреса во рок од 12 часа што ги погодија Турција и Сирија загинаа повеќе од 2.000 луѓе

Се очекува зголемување на бројот на жртви, а во тек се спасувачки операции.

Според официјалните податоци на Турција загинале 1.014, а 5.383 лица се повредени, додека се урнале 2.818 згради.

Сириското Министерство за здравство соопшти дека загинале повеќе од 783 лица, а 1.042 се повредени. Дополнително на тие бројки, спасувачката служба „Бели шлемови“ во северозападна Сирија во областите што не се контролирани од Владата, соопшти дека бројот на загинати е 221, со што вкупната бројка на жртви е 2.018.

Повеќе од 10 тимови за пребарување и спасување од Европска Унија се мобилизирани по големиот земјотрес што ја погоди Турција, соопшти портпаролот на Европска комисија. САД, Велика Британија, Израел, Русија и Кина понудија помош.

Првиот земјотрес се случил рано утрово, а бил со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што е еден од најсилните земјотреси во регионот во најмалку еден век. Земјотресот беше почувствуван дури до Кипар и Каиро.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека прелиминарните податоци покажуваат дека вториот земјотрес бил со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала и бил на 67 километри североисточно од Кахраманмараш, Туркије, на длабочина од два километри.

Сеизмолозите регистрираа повеќе од 100 помали последователни потреси.

Зачлени се на нашиот е-билтен