Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Најсмртоносните земјотреси во светот од 2000 година

Земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтер ги погоди вчера Турција и Сирија, при што загинаа најмалку 4.000 луѓе во двете земји. Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте додека спасувачите  извршуваат операции во тешки временските услови, ниски температури и снег за да извлечат луѓе затрупани под урнатините.

Некои од најсмртоносните земјотреси во светот од 2000 година:

22 јуни 2022 година: Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер загинаа повеќе од 1.100 луѓе во Авганистан.

14 август 2021 година: Во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.200 луѓе на Хаити.

28 септември 2018: Земјотрес со јачина од 7,5 степени во Индонезија – 4.300 жртви.

25 април 2015 година: Во Непал, повеќе од 8.800 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 7,8 степени.

11 март 2011 година: Земјотрес со јачина од 9 степени во близина на северниот брег на Јапонија предизвика цунами во кое загинаа речиси 20.000 луѓе.

12 јануари 2010: Во земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала на Хаити загинаа околу 316.000 луѓе, според владините проценки.

12 мај 2008: Земјотрес со јачина од 7,9 степени ја погоди централната кинеска провинција Сечуан, при што загинаа повеќе од 87.500 луѓе.

26 мај 2006 година: Повеќе од 5.700 луѓе загинаа по земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Јава.

8 октомври 2005 година: Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала уби повеќе од 80.000 луѓе во пакистанскиот дел на Кашмир.

28 март 2005 година: Земјотрес со јачина од 8,6 степени во Северна Суматра, Индонезија – околу 1.300 жртви.

26 декември 2004: Цунами бранови во Индискиот Океан предизвикани од земјотрес со јачина од 9,1 степени во Индонезија убиле 230.000 луѓе во десетици земји.

26 декември 2003 година: Земјотрес со јачина од 6,6 степени во југоисточен Иран уби 50.000 луѓе.

21 мај 2003 година: Повеќе од 2.200 луѓе загинаа во земјотрес со јачина од 6,8 степени во Алжир.

26 јануари 2001 година: Земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди индиската држава Гуџарат, при што загинаа 20.000 луѓе.

(МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен