Советот на амбасадори денеска изрази сочувство за настраданите по катастрофалниот земјотрес што ги погоди вчера Туркије и Сирија.
-Советот на Амбасадори со длабока тага и жалост ја прими веста за катастрофалниот земјотрес кој тешко погоди некои делови на Туркије и Сирија во кои се најдоа неколку илјади загинати и повредени луѓе. По повод овој трагичен настан Совет на Амбасадори ја дели болката со семејствата на загинатите и им изразува длабоко сочуство, а на повредените им посакува брзо оздравување, се вели во денешното соопштение.
Од Советот на Амбасадори ги повикуваат граѓаните согласно нивните можности во овие тешки денови за жителите на погодените региони на Туркије и Сирија од катастрофалниот земјотрес да придонесат за санирање на ова тешка состојба.