Работничката партија на Курдистан, која се смета за терористичка во Турција, ЕУ и САД, изврши напад со повеќецевен ракетен фрлач од сирискиот Тал Рифат на граничниот премин Ончупинар, во близина на турскиот град Килис, јави Анадолија.
Нападот се случи еден ден откако два разорни земјотреси го погодија регионот.
-Терористичката организација ПКК/ЈПГ, која е целосно туѓа на човештвото, дури го искористи земјотресот и изврши гнасен напад со повеќецевен ракетен фрлач од Тал Рифат врз зоната на одговорност на нашиот граничен премин Ончупинар. Иако немаше штети или жртви меѓу нашите единици, тие возвратија со оган на терористичките цели, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.