Македонската каратистка Пуликсенија Јованоска важи за една од најуспешните македонски спортистки, која минатата година ја претставуваше нашата земја на Олимписките игри во Токио.
Таа е нашата прва олимпијка во карате, успешна спортистка, сопственичка на карате клуб, тренер, дел од тимот спортската организација „Спорт сошл солушн“, советник во Агенцијата за млади и спорт, и член на Комисијата за родова еднаквост при Олимпискиот комитет на Македонија, дипломирана економистка.
Тоа е најкусата биографија на Пуликсена Јованоска.
Таа вели дека нејзините корени се тука, во Македонија, во Прилеп и најголемата поддршка ја добила токму од тука.
Затоа Пуликсена, иако имала многу понуди да замине во странство, одлучила да остане тука и целото свое знаење да им го пренесе на младите генерации.
Тоа е накусо успешната приказна на олимписката каратистка, Пулексенија Јованоска.
Преземено од Фондација Заев