Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел вооружува доброволци за брз одговор во етнички мешани средини

Израел денеска ќе почне со дистрибуција на илјадници автоматски пушки на припадниците на доброволните единици за брз одговор во пограничните населби, како и во етнички мешаните еврејско-арапски градови, најави израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.

Во неговото соопштение се наведува дека во првиот круг ќе бидат поделени 4.000 пушки од израелско производство и дека ќе следи уште една ваква акција во која ќе бидат поделени уште најмалку 6.000 автомати и дека сите припадници на овие доброволни единици ќе бидат опремени со шлемови и заштитни јакни.

Соопштението на Бен-Гвир дојде по упадот на вооружени лица од Газа, поради можноста за внатрешни конфликти во Израел меѓу Евреите и арапското малцинство, кое сочинува околу 20 отсто од израелското население и главно се идентификува со Палестинците. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен