„Денеска го славиме денот и им се поклонуваме на храбрите млади луѓе кои имаа визија да застанат на вистинската страна на историјата. Тие на 11 Октомври 1941 со силен порив, со силна волја и одлучност, се кренаа против фашистичките окупаторски војски за да го продолжат државотворното дело на сите претходни генерации кои ја сонуваа самостојната македонска држава“, напиша вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во својата честитка по пово 11 Октомври – Ден на народното востание.
Мариучиќ потсетува дека „храбрата и одлучна акција на востаниците од 11 Октомври 1941 година го одреди патот до нашето место во заедницата на народите во Обединетите Нации со кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет“.
„На заветот што ни го остави 11 Октомври нашата генерација го оствари членството во НАТО и ѝ припадна должноста да ја обезбеди иднината на Северна Македонија како членка на ЕУ. Затоа нашиот историски предизвик е секој од нас да го даде својот придонес за таа цел. Сите заедно да оставиме длабоки траги на тој пат“, нагласува со честитката на социјалните мрежи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.