Во Израел е формирана вонредна Влада на национално едниство, по неколкудневни разговори меѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и опозицискиот лидер Бени Ганц.
Нетанјаху прво ги повика опозициските лидери – Јаир Лапид и Бени Ганц – да се формира вонредна влада во саботата, веднаш по нападот на Хамас.
Изјавата на Нетанјаху и Ганц, претседател на партијата Национално единство, објавена сега гласи: „Двајцата се согласија за формирање итна влада и воен кабинет за управување“.
„Ќе се формира ’воен кабинет за управување“ со три члена: премиерот, министерот за одбрана и претседателот на Националното единство“, се вели во соопштението.
Ќе има и двајца дополнителни функционери кои ќе бидат набљудувачи во воениот кабинет.
– Во име на партијата Национално единство ќе бидат додадени вкупно пет министри без ресор во политичко-безбедносниот кабинет (со еден од нив како набљудувач): Бени Ганц, Гидеон Саар, Гади Ајзенкот и уште двајца министри. Ова е за времетраењето на војната“.
Формирањето вонредна влада на национално единство значи дека за време на воениот период „нема да се промовираат никакви нацрт-закони или владини одлуки кои не се однесуваат на водење на војната“ и сите високи назначувања автоматски ќе бидат продолжени за време на воениот период.