Годинава бројни блогери и инфлуенсери ја посетија нашата земја, а токму преку соработка со АППТ се овозможи голема промоција на нашите туристички потенцијали.
Така, Роберт Дацешин, еден од инфлуенсерите, воодушен од убавините на нашата земја, со цел живописно да ги долови своите авантури, обиколката на земјата ја започна на најпозната локација, Охрид, познат и како Балкански Ерусалим поради големиот број на цркви и манастири,а воедно претставува и место во кое може најубаво да се почувствува духот на старото време. Охридското Езеро уште во 1980 година е ставен на УНЕСКО листа, како едно од најголемите природни езера во цела Европа. Во Охрид можете да ја пробате можеби најубавата риба којашто можете да ја замислите.
Се осврна на една тажна приказна и добра, голема и чиста душа на оваа земја.
„Тодор Тоше Проески беше македонски пејач кој трагично почина во сообраќајна несреќа 16 октомври 2007 година и рано го напушти својот народ, но и народот од целиот регион. Голема и чиста душа и голем човек, Тоше Проески живееше во сите наши срца, а Македонците го обожаваа и се гордееја со него. Роден во Прилеп, а пораснал во Крушево, уште на 12 години го открил својот талент за музика, за неговите добри дела и заложби најдобро говори наградата „Мајка Тереза“ и станал Амбасадор на УНИЦЕФ. Македонија ја претставуваше на Евросонг, а неговата земја му додели титула „Почесен граѓанин“. Кој сака може да го посети неговиот гроб како и неговата меморијална куќа отворена со цел да се сочува сеќавањето на овој добар човек“, вели Роберт.
Роберт приказната ја сврте кон Скопје, главниот град сместен на север од Македонија. Поседува голем број објекти од историски значење, голем број цркви и џамии како и тврдина која се издигнува над чаршијата.
„Неговото име е плоштад, каде се наоѓа големата статуа на Александар Македонски и тој, во некоја рака, претставува централно и збирно место на сите луѓе во градот. Она што во Бања Лука се вика „кај Кривиот саат“, во Загреб „кај Банот (Јелачиќ)“, а во Белград „кај коњот“.
Роберт посетителите ги посоветува во Скопје да поминат два дена, и во мир да го доживеат како што направил и самиот тој.
Дацешин обрна внимание на убавата Шар Планина, која со својата висина од 2498 метри претставува еден од импресивните планински масиви на Македонија, позната по своите прекрасни стази за шетање, кои привлекуваат љубители на природа и авантури.
„Љубителите на природата ќе ги одушеви и Кањон Матка, сместен во близина на Скопје каде се наоѓа позната пештера Врело. Тука се Националите паркови Галичица, Пелистер и Маврово, секој единствен и посебен на свој начин со прекрасна природа и богата флора и фауна“, истакна Дацешин.
„За оние кои сакаат историја, како место кое воодушевува ја спомена Шарената Џамија во Тетово, која без дилема претставува еден од најубавите верски објекти. Изработена во 15 век а со прекрасните детали. Претставува една од најубавите џамии во Бивша Југославија“, рече Дацешин.
Голема препорака од инфлуенсерот е да се посети Битола, втор најголем град во земјата познат и како градот на конзулите. Тука е и Кратово, мал и заспан град кој ќе ве воодушеви со својата убавина како и симпатичниот Прилеп.
„За вистинските гурмани, она што мора да го испробате се локалните вина. Во земјата се наоѓаат повеќе од 150 километри винарии. Во следниот прилог спомена дека виното оди со храната и затоа премина на храна. Неговиот другар демонстрираше дегустација на виното Темјаника во комбинација со сиво жолто сирење го збогати со мед и малку ореви и за крај парче круша“.
Тој додаде дека можеби причината зошто се во земјава е толку вкусно е сонцето, пријатната клима и плодно земјиште кои придонеле до тоа Македонија да стане вистинска ризница на ароми и опуси за сите посетители.
„Имаш чувство дека секоја овошка која ќе ја загризеш е најсвежата која некогаш си ја пробал. Секое јадење се прави со многу топлина и љубов. Еднаква топлина со топлината со која зрачи и самиот народ – мртва трка дали Македонците се добри луѓе или добри готвачи“ вели Роберт.
Така, Роберт Дацешин ги испрати читателите на ова патување преку Македонија, оставајќи ги воочени со богатството на природата, културата и вкусовите на оваа прекрасна земја. Од Охрид и Битола до Шар Планина и Тетово, Македонија нуди многу разнообразни и незаборавни искуства за секој посетител. Со чистиот воздух на планините и вкусната македонска кујна, оваа дестинација е сигурен начин да се доживеат незаборавни спомени.
Со најубавите природни локации и историски објекти, како и гостопримливите луѓе, Македонија чека да биде истражена од љубители.