Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трите проевропски партии на опозицијата имаат доволно гласови за победа на изборите во Полска

Полскиот опозициски лидер Доналд Туск изјави дека три опозициски партии имаат доволно гласови за да победат на општите избори во неделата, откако излезната анкета предвидуваше дека имаат доволно комбинирана поддршка за соборување на Право и правда, владејачката конзервативна националистичка партија, јавија вечерва агенциите.

Излезната анкета на Ипсос покажа дека опозицијата, трите партии, Граѓанската коалиција на Туск, Третиот пат и Новата левица заедно најверојатно освоила 248 места во 460-члениот долен дом на парламентот, Сејм. Владеачката Право и правда, според проекцијата, добија 200 места, додека екстремно десничарската Конфедерација доби 12 места.

„Јас сум најсреќниот човек на земјата. Демократијата победи. Полска победи“, изјави Туск вечерва.

Зачлени се на нашиот е-билтен