Британската полиција денеска ја обвини познатата шведска климатска активистка, Грета Тунберг, за нарушување на јавниот ред и мир.
Полицијата вчера ги уапси Грета и другите активисти за учество на протест пред хотел во Лондон. каде се одржуваше конференција на лидерите на индустријата за нафта и гас.
Тунберг е обвинета за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи за време на протестот не се почитувале условите за спречување на „сериозни нарушувања“ во функционирањето на заедницата, хотелот и неговите гости.
Британските медиуми пренесуваат дека Тунберг уште вчера е ослободена со кауција и дека на 15 ноември треба да се појави пред судот во Лондон, додавајќи дека уште 25 други климатски активисти. исто така. се обвинети во врска со вчерашниот протест.
Тунберг стана заштитно лице на младите активисти за климата ширум светот откако во 2018 година организираше неделни протести пред шведскиот Парламент.
Таа годинава беше приведена или отстранета од протестите од полициите во Шведска, Норвешка и Германија.