Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американска воена база во јужна Сирија нападната со дронови

Воена база во јужна Сирија, каде што американските војници обучуваа војници како дел од кампањата против Исламската држава, денеска беше нападната со дронови, соопштија двајца американски високи претставници.

Едниот дрон беше соборен, но другиот предизвика мала штета, изјави еден од функционерите, кој сакал да остане анонимен.

Нападите уследија по слични напади со дронови во изминатите неколку дена врз базите на САД и коалицијата во Ирак.

Сириските опозициски активисти изјавија дека нападот со дрон бил извршен врз нафтена постројка во источна Сирија каде што се стационирани американски војници.

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен