Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лавров пристигна во Иран на средба со колегите од регионот

 Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска пристигна во Иран на разговори со колегите од регионот, потврди руското Министерство за надворешни работи.

Се очекува Лавров да разговара со министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Ерменија, кои исто така се поканети на министерскиот состанок на регионалната консултативна платформа „3+3“ за Јужен Кавказ.

Шефовите на дипломатиите имаат намера да разговараат за последните настани во Јужен Кавказ, како и за прашања за регионална соработка во областа на безбедноста, додека мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија ќе бидат главна точка на агендата, пренесува ТАСС. 

Зачлени се на нашиот е-билтен