Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министри за надворешни работи на ЕУ: Треба да се воведе хуманитарна пауза за испорака на помош во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се согласија да воспостават „хуманитарна пауза“ во Појасот Газа, прекин на непријателствата за да може да се достави хуманитарна помош до цивилното население, објави Еуроактив.

„Постои согласност околу потребата од хуманитарна пауза за да може да се достави хуманитарна помош без опасност што постои додека траат непријателствата“, изјави денеска во Луксембург високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Мое мислење е дека министрите разбираат дека таквата пауза е неопходна“, рече Борел. Тој додаде дека постои разлика меѓу хуманитарна пауза и прекин на огнот, прво е помалку амбициозно и би значело прекин на непријателствата од хуманитарни причини, додека прекинот на огнот би бил потрајно решение.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки во Луксембург разговараа за ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток, ослободувањето на израелските граѓани кои беа заложници од Хамас во нападот на 7 октомври и испораката на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа. .

Тие уште еднаш го осудија нападот на Хамас врз Израел, кој како одговор на овие напади не треба да го ускратува населението во Газа од основните потреби како вода или струја.

„Сите ние изразивме солидарност со Израел, го осудивме бруталниот терористички напад на Хамас, го поддржавме правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното хуманитарно право“, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Хрватскиот министер изјави дека поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, Украина не паднала во втор план и дека ЕУ се уште цврсто стои покрај неа.

„Иако фокусот сега е на Блискиот Исток, свеста да не се занемари Украина апсолутно останува“, рече Грлиќ Радман.

Зачлени се на нашиот е-билтен