Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мелони: Италија го поддржува создавањето на поморска мисија на ЕУ за гранична контрола на море

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во парламентот изјави дека Рим ќе го поддржи создавањето на поморска мисија на Европската унија за патролирање на границите на море.

– Италија ќе го поддржи создавањето на европска поморска мисија, во договор и во соработка со северноафриканските власти, рече Мелони во Сенатот пред состанокот на лидерите на Европската унија.

Таа исто така додаде дека Италија сака ЕУ да го зголеми износот на средствата наменети за борба против масовната илегална миграција во нејзиниот повеќегодишен буџет за 2021-2027 година, бидејќи Рим е оптоварен со зголеменото пристигнување на чамци со мигранти на италијанските јужни брегови.

Зачлени се на нашиот е-билтен