Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стано: ЕУ очекува Косово и Србија да се посветат на исполнување на нивните обврски, не е предвидена средба Вучиќ-Курти во Брисел 

 Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети во Брисел на серија индивидуални средби со одредени лидери на Унијата за време на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи утре и задутре во Брисел, изјави на денешниот редовен брифинг портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Идејата на овие средби е да се одржат на маргините на Самитот, како поддршка на напорите за обнова на дијалогот. Главната порака на ЕУ е: Очекуваме двете страни, Косово и Србија целосно и безусловно да се посветат на исполнување на нивните обврски произлезени од дијалогот, истакна Стано. 

Тој нагласи дека ЕУ очекува и од Белград и од Приштина да продолжат да работата на деескалација на состојбата и веднаш и без предуслови да го обноват дијалогот, додавајќи дека не е предвидена средба меѓу Вучиќ и Курти за време на нивниот престој во Брисел. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Стано додаде дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на претстојниот Самит на Унијата ќе ги информира шефовите на држави или влади на земјите членки за дијалогот меѓу Белград и Приштина и за односите меѓу Србија и Косово, како што беше случај и на претходните средби, бидејќи, како што рече, ова е многу важно прашање за Европската Унија. 

Според Стано, лидерите ќе бидат информирани и за резултатите од посетата на Приштина и Белград изминатиов викенд на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан. Мирослав Лајчак, кој беше придружуван од специјани пратеници и советници на лидерите на Франција, Италија, Германија и САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен