Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полицијата се судри со пропалестински демонстранти во Лондон

Локалната полиција се судри со демонстранти кои излегоа на улиците во центарот на Лондон со барање за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

Се одржуваа и контра-демонстрации, при што десетици луѓе со знамиња на Унијата стоеја блиску до кенотафот во Вајтхол, додека пропалестинските демонстранти им скандираа „срам да ви е“.

Досега се упасени две лица.

Како што пренесе ДПА, во пропалестинскиот марш во центарот на Лондон, учествувале околу 100.000 демонстранти.

Еден човек е уапсен на Вајтхол откако бил нападнат полицаец, соопшти Метрополитен полицијата на X. Полицаецот бил пренесен во болница по инцидентот.

Полицијата не можеше да каже кој е уапсениот.

Друг човек беше уапсен на патот Ватерло под сомнение за расно мотивиран прекршок на јавниот ред и закани за убиство.

Засега не е јасно дали уапсените лица учествувале на протестот или на контра-демонстрациите.

Зачлени се на нашиот е-билтен