Поранешниот лидер на Хамас Калед Машал ја призна соработката на терористичката Хамас со Русија. Во неговото обраќање до исламистите во Керала тој зборува за тоа колку Русија и Кина се среќни со нападот врз Израел.
Во видеото што на мрежата Икс го објави Вишеград 24, тој вели дека Русија е благодарна што Хамас го одвлече вниманието на Америка од Украина и дека Кина подготвува нешто за Тајван.
За ваша информација, Русија имаше бенефит од нашиот напад ( врз Израел на 7 октомври), бидејќи им го одвлековме вниманието од нив и од Украина, рече поранешниот лидер на Хамас и додаде дека Кина го гледа ( нападот на Хамас) како светол пример.
Русите ни рекоа дека тоа што се случи на 7 октомври ќе се изучува на воените академии, се пофали Машал.
Тој понатаму вели дека Кинезите размислуваат да спроведат сличен план во Тајван, да го направат тоа што го направија бригадите на хамас на 7 октомври.
Арапите му дадоа на светот „мастер класа“, рече тој.
Тој исто така изрази надеж дека ќе им се приклучи Хезболах што ќе создаде голема разлика во војната со , како што ги нарече, Ционистите, со кои иако имаат константни судири на северот на Палестина, се уште целосно не се ангажирале, што би ги поделило израелските сили на 2 и повеќе фронта, и побара од арапските заедници на Запад да бидат поактивни.
Меѓусебната помош и поддршка со Русија е сé повеќе очигледна. На 26 октомври делегација на милитантната група Хамас предводена од политичкиот лидер на Хамас Абу Марзук ја посети Москва за да разговара за ситуацијата во Појасот Газа, јавија руските про- владини агенции РИА Новости и ТАСС.
По разговорите со руските дипломати кои ги нагласија напорите на Москва да го прошири своето влијание како моќен посредник во последната војна меѓу Израел и Хамас, претставниците на Хамас во Москва се сретнаа со висок ирански претставник, објавија руските и иранските медиуми во петокот.
Драган Мишев (ЦивилМедиа)