ЛДП бара кратење на функционерски и управувачки позиции

ЛДП

Либерално-демократската партија бара Владата да ги намали трошоците за, како што наведува, непотребни функционерски позиции, заменици, советници и членови на управни и надзорни одбори, откако беа објавени информации за откриени неправилности при исплатата на социјална помош.

Од ЛДП се повикуваат на податоците според кои биле откриени над 4.500 неправилно евидентирани корисници на социјална помош, меѓу кои починати, иселени и фиктивни лица, со проценета годишна штета од околу 25 милиони евра.

Партијата оценува дека контролите не треба да запрат само кај социјалните исплати, туку да опфатат и други буџетски расходи.

Од ЛДП бараат преиспитување на бројот на заменици-министри, заменици-директори, советнички позиции, кабинети и членства во управни и надзорни одбори.

Партијата посебно ја посочува функцијата на Арбен Фетаи во Брисел, за која бара да биде укината.

Според ЛДП, со намалување на ваквите трошоци би можеле да се обезбедат дополнителни средства за поддршка на граѓаните и стопанството, студентскиот оброк, здравството и други јавни потреби.

Од партијата бараат Владата да спроведе поширока анализа на буџетските расходи и да ги укине позициите за кои ќе се утврди дека не се неопходни.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?