Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека бројот на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас се искачи на 8.306 луѓе.
Во борбите што почнаа на 7 октомври повредени се 21.000 лица.
Според палестинското Министерство за здравство помеѓу загинатите 3.457 деца и 2.136 жени.
Жртвите на нападот на Хамас врз Израел се 1.400 луѓе, а над 200 лица, меѓу кои и странци, беа земени како заложници и однесени во Појасот Газа.
Извор МИА,