Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Семејствата на заложниците во Газа го блокираа патот во близина на седиштето на ИДФ во Тел Авив, бараат Нетанјаху да вети дека нема примирје

Семејствата на киднапираните Израелци, кои Хамас ги држи во газа денеска одржаа протест во Тел Авив со барање властите да не прифатат примирје.

Тие се собраа пред влезот на воената база Кирија во Тел Авив, блокирајќи го патот.

 Семејствата најавуваат дека имаат намера да останат на влезот во Кирија, во кој се наоѓа седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) се додека премиерот Бенјамин Нетанјаху јавно не потврди дека „нема да има прекин на огнот без враќање на сите заробеници“.

Сообраќајот на патот Шаул Хамелех во центарот на Тел Авив е блокиран.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново