Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган: „Го избришав“ Нетанјаху, со него не може да се разговара

 Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ги прекинува сите контакти со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради акциите на Израел во Појасот Газа.

Според турскиот претседател, Нетанјаху е одговорен за насилството во Појасот Газа и оцени дека израелскиот премиер „ја изгубил поддршката од сопствените граѓани“ и треба да се повлече.

– Нетанјаху повеќе не е некој со кој можеме да разговараме. Го избришавме и го отфрливме, наведе Ердоган.

Тој истакна дека „нема друга земја чија армија се однесува со таква нечовечност“, истакна Ердоган алудирајќи на одмаздничките мерки на Израел во Појасот Газа по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври, при што загинаа 1.400 луѓе на израелска страна, главно цивили.

Претходно, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Анкара го отповикала својот амбасадор во Израел на консултации поради одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот во Појасот Газа.

– Амбасадорот на Турција, Сакир Озкан Торунлар е отповикан со оглед на хуманитарната трагедија во Газа предизвикана од континуираните напади на Израел против цивили и одбивањето на Израел (да прифати) прекин на огнот, се наведува во соопштението на турското МНР.

Зачлени се на нашиот е-билтен