Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блискоисточна турнеја на Блинкен, од утре е во дводневна посета на Турција

– Американскиот државен секретар Антони Блинкен од утре ќе биде во дводневна посета на Турција како дел од блискоисточната турнеја во време на војната меѓу Хамас и Израел, соопшти Стејт департментот.

Највисокиот американски дипломат има состаноци денеска со арапските колеги во јорданскиот главен град Аман, по посетата на Израел еден ден претходно.

Блинкен му се заблагодари на привремениот либански премиер Наџиб Микати за напорите неговата земја да биде вовлечена во војна со Израел.

Блинкен му се заблагодарува на Микати за неговото водство „во спречувањето Либан да биде вовлечен во војна што либанскиот народ не ја сака“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Блинкен разговара и за напорите на САД за обезбедување хуманитарна помош за цивилите во Газа,додаде Милер. з

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново