Русија потврди дека украинските сили погодија бродоградилиште на Крим

– Украина вчера истрела 15 крстосувачки ракети врз бродоградилиште во градот Керч, на источниот брег на полуостровот Крим, анектиран од Русија.

Руското Министерство за одбрана денеска потврди дека ракетите оштетиле брод, а погодено е и пристаниште, но не наведе детали.

Системите за противвоздушна одбрана соборија 13 крстосувачки ракети лансирани кон бродоградилиштето во градот Керч, се наведува во соопштението на руското МО.

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук синоќа изјави дека во бродоградилиштето е стациониран ракетниот носач Калибар и им се заблагодари на пилотите за „успешните“ напади.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?