Израелската полиција во источен Ерусалим уапсила 23 лица осомничени за потикнување насилство

Израелските безбедносни сили во источен Ерусалим уапсиле 23 лица, осомничени за потикнување насилство на протестите, како и за објави на социјалните мрежи со кои се поддржува насилство и терор, соопшти полицијата.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека истакнатиот палестински активист Ахед Тамими, исто така, бил уапсен откако објавил на Инстаграм дека Палестинците, како што рекол, ќе ги „колат“ еврејските доселеници и ќе им ја „пијат крвта“, јави „Тајмс оф Израел“.

Во источен Ерусалим, мнозинството жители се Палестинци.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?