Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вработените во Амазон во Велика Британија почнаа серија штрајкови

Работниците во магацинот на Амазон во Велика Британија ќе штрајкуваат уште седум дена поради заострениот спор околу платите, објави денеска нивниот синдикат.

Членовите на Синдикатот ГМБ во магацинот во Ковентри, централна Англија, објавија дека повеќе од 350 работници ќе преземат нови активности на 28 февруари, 2 март и од 13 до 17 март.

Минатиот месец членовите на тој британски синдикат го организираа првиот штрајк против американскиот гигант на електронската трговија.

Шефовите на Амазон можат да ја запрат оваа акција доколку ја направат вистинската работа и преговараат за соодветно зголемување на платите со работниците, се наведува во соопштението на Синдикатот ГМБ.

Зачлени се на нашиот е-билтен