Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција во Брисел посочи дека на Босна и Херцеговина и се отвора патот за преговори за пристапување во Европската унија, тогаш кога ќе бидат исполнети бараните услови.
Таа додаде дека за отворање на вратата за БИХ мора да се преземат конкретни чекори.
„На БиХ и препорачуваме отворање на пристапните преговори откако ќе се исполнат одредени критериуми. Широко ја отвораме вратата и ја покануваме БиХ да помине низ таа врата. За да се направи тоа, БиХ мора да покаже резултати и да направи чекор кон напредок за да ги продолжиме преговорите со БиХ за влез во ЕУ, изјави Фон дер Лајен.
Таа вели дека се препознаени чекорите што се преземени во БиХ, од брзото формирање на Советот на министри на БиХ, како и посветеноста на целта за прием во Европската унија.
„Истрајноста на политичките субјекти вроди со плод. Ја гледаме борбата која се води против организираниот криминал, перењето пари и тероризмот, но исто така со загриженост гледаме „противуставни мерки од страна на претставниците на Република Српска“. Затоа БиХ ќе мора да усогласи одредени принципи, а за датумот за напредокот Европската комисија ќе информира во март 2024 година“, рече Фон дер Лајен.
Извор МИА