Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин најави нови области на „стратешка“ соработка со Казахстан

 Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Астана, на почетокот на средбата со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, ги поздрави „мултилатералните“ врски на нивните земји и рече дека ќе се утврдат нови области на „стратешка“ соработка.

Путин дојде во таа посета за да ги зајакне врските со тој сосед, кој е главен економски партнер во времето на тензиите на Русија со Западот поради нејзината агресија врз Украина.

Тоа е прво патување на Путин во странство од октомври, кога беше во Киргистан на самитот на поранешните советски републики и ја посети Кина.

Богатиот со нафта Казахстан и другите централноазиски земји одржуваат силни економски врски со Москва, но одбиваат да ја признаат нејзината анексија на украинските региони. 

Зачлени се на нашиот е-билтен