Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел обвини дека хонорарните фотографи претходно знаеле за нападот на 7 октомври; новинските организации ги негираат наводите

Четири новински организации категорично негираат дека имале претходно сознание за терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, по барањето од  Израелската влада за одговори и кредибилност во врска со извештајот на про-израелското медиумско набљудувачко тело „HonestReporting“,  во кој се наведени инсинуации дека новинарски организации знаеле претходно за нападот, пишува Си-Ен-Ен.

Асошиетед пресРојтерсЊујорк Тајмс и Си-Ен-Ен,  излегоа со експресни соопштенија кои силно возвратија на извештајот  објавен доцна во средата цврсто од страна на  про-израелското медиумско набљудувачко тело, HonestReporting, кое тврдеше дека фотографите за вестите биле присутни за време на првичниот напад, повикувајќи се на скриншотови објавени на социјалните мрежи.

Два од медиумите, Асошиејтед прес и Си-Ен-Ен, сепак, наведуваат  дека ги прекинале врските со хонорарниот фотограф Хасан Еслајах, откако во извештајот бил идентификуван дека бил присутен со милитантите на Хамас за време на грозоморниот напад на еврејската држава.

Од Асошиејтед прес велат дека немале претходни сознанија за нападите на Хамас на 7 октомври, и дека првите фотографии од фриленсерот биле направени еден час пред почетокот на нападите.

Никој од  персоналот  на АП не бил на границата за време на нападите, ниту пак некој од персоналот на АП ја преминал границата во кое било време“, изјави Лорен Истон, директорка за односи со медиумите за АП.

„Веќе не работиме со Хасан Еслајах, кој беше повремен хонорарец за АП и други меѓународни новински организации во Газа“, додаде Истон.

„Немавме претходни сознанија за нападите на 7 октомври“, рече портпаролот на Си-Ен-Ен. „Хасан Еслајах, кој беше хонорарен новинар кој работеше за нас и за многу други медиуми, не работеше за мрежата на 7-ми октомври. Од денеска ги прекинавме сите врски со него“.

И од Ројтерс  ја отфрлија  инсинуацијата дека знаеле за планираниот напад на Хамас врз Израел.

„Ројтерс категорично негира претходни сознанија  за нападот или дека сме ги вклучиле новинарите со Хамас на 7 октомври. Фотографиите објавени од Ројтерс се направени два часа откако Хамас истрела ракети низ јужен Израел и повеќе од 45 минути откако Израел соопшти дека вооружени лица ја преминале границата“, велат од Ројтерс.

Од „Њујорк тајмс“ реагираа  за обвинувањата против друг хонорарен фотограф, Јусеф Масуд, кој беше спомнат во извештајот на HonestReporting.

„Иако Јусеф не работеше за Тајмс на денот на нападот, тој оттогаш направи важна работа за нас. Нема докази за инсинуациите на Honest Reporting. Нашиот преглед на неговата работа покажува дека тој го правел она што фоторепортерите секогаш го прават за време на големите вести, документирајќи ја трагедијата додека се одвивала“, велат од Њујорк Тајмс.

При известувања за војна, типично е новинарските организации да набавуваат видео и фотографии од хонорарци кои се наоѓаат во воениот регион. Хонорарците работат како независни изведувачи и не се вработени во компаниите во кои обезбедуваат услуги или нивни материјали, посочуваат од Си-Ен-Ен.

HonestReporting има историја на сериозни , и често погрешни  наведувања и обвинувања против медиумите. Израелската влада, предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој беше непријателски  со новинарите, сепак се обиде да ја искористи приказната на HonestReporting за да и даде доверливост на лажната идеја дека новинските организации биле свесни за терористичкиот напад пред тој да се случи, посочуваат од Си-Ен-Ен.

„Овие новинари беа соучесници во злосторствата против човештвото; нивните постапки беа спротивни на професионалната етика“, објави кабинетот на израелскиот премиер во четвртокот на социјалната мрежа X, поранешен Твитер.

Членот на воениот кабинет на Израел, Бени Ганц, исто така го искористи извештајот за инсинуациите  за претходни сознанија за нападот од страна на новинарите.

Комитетот за заштита на новинарите ја осуди реториката на израелската влада, предупредувајќи дека таа би можела да им наштети на медиумските работници.

„Обидите за оцрнување, делегитимирање и криминализирање на новинарите кои ја вршат својата работа се срамотни и неодговорни,  и тие ги ставаат новинарите во дополнителен ризик“, се вели во соопштението од Џипси Гилен Кајзер, директорот за застапување и комуникации на КЗН.

Дијана Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен