Израелската армија денеска соопшти презела „оперативната контрола“ врз пристаништето Газа, клучен инфраструктурен објект на палестинската територија.
Контролата врз пристаништето што беше управувано од терористичката организација Хамас беше преземено во заедничка операција на оклопните и поморските сили во изминатите денови, се наведува во соопштението на Израелските безбедносни сили (ИДФ).
Во соопштението се истакнува дека Хамас го користел пристаништето како центар за обука на своите поморски сили за планирање и извршување терористички напади од море.