Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ: Во Газа досега загинаа 51 израелски војник

Израелската армија попладнево соопшти дека уште тројца војници загинале во борбите во Појасот Газа, со што на палестинска територија од почетокот на војната против Хамас загинаа вкупно 51 војник.

Израелските власти соопштија дека исламиското екстремистичко движење, кое на 7 октомври го нападна јужниот дел на Израел, во првичниот налет уби над 1.200 лица, главно цивили.

Во израелскиот брутален одговор оттогаш загинаа над 11.500 Палестинци, пред се со константното бомбардирање на Газа, а меѓу жртвите најмногу има жени и деца, покажуваат податоците на палестинското Министерство за здравство.

Израелските тенкови во Газа влегоа на 27 октомври, како дел од копнената операција чија цел е уништување на главната тамошна палестинска организација- Хамас. сд/

фото:Скриншот Министерство за одбрана -И

Зачлени се на нашиот е-билтен