Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека бројот на загинатите Палестинци се искачи на 13.300, додека бројот на ранетите достигна околу 32.850, од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа на 7 октомври.
-Од неделата вечерта, бројот на загинатите беше повеќе од 13.300, вклучувајќи околу 5.600 деца, 3.550 жени додека бројот на повредени достигна повеќе од 30 илјади, се вели во соопштението.
Се додава дека повеќе од 4.500 Палестинци се уште се водат како исчезнати, вклучително и 3.500 деца за кои се верува дека се заробени или затрупани под урнатините.
Бројот на раселените лица во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел достигна околу 1,7 милиони, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).