Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кремљ: Русија ќе одржи претседателски избори во анектираните делови од Украина

Во четири украински региони за кои Кремљ тврди дека ги анектирал лани ќе се одржат претседателските избори закажани во март во Русија, соопшти денеска официјална Москва.

Централната изборна комисија соопшти дека гласањето во март ќе се одржи во Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон – региони за кои Русија тврди дека ги анектирала во 2022 година.

Русија нема целосна воена контрола над тие региони. 

Зачлени се на нашиот е-билтен