Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајван соопшти дека Кина повторно испратила група носачи на авиони во Тајванскиот теснец, еден месец пред изборите на островот

 Армијата на Тајван испратила сили за набљудување на кинеската поморска група водена од носачот на авиони „Шандонг“ кој денеска влезе во тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Носачот на авиони „Шандонг“, пуштен во употреба во 2019 година, последен пат помина низ Тајванскиот теснец на почетокот на ноември. Неговиот сегашен премин низ теснецот доаѓа само еден месец пред претседателските и парламентарните избори на островот, забележуваат западните агенции.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека кинеската поморска група водена од носачот на авиони се упатила на југ преку Тајванскиот теснец, но ја преминала кинеската страна на таканаречената средна линија што го дели теснецот.

Кина тврди дека воденото подрачје на Тајванскиот теснец не е зона на меѓународни поморски води и дека само Пекинг има суверенитет над теснецот, нешто што Тајван и САД го оспоруваат. 

Зачлени се на нашиот е-билтен