Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајани: Разговорите за реформа на европската миграциска политика влегуваат во одлучувачка фаза

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани денеска изјави дека разговорите за реформа на европската миграциска политика влегуваат во одлучувачка фаза.

Тој посочи дека Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија ги започнале финалните преговори за новиот Пакт за миграција и азил, пренесе агенцијата АНСА.

Како што наведува италијанската агенција, овој документ ќе вклучува сет правни инструменти насочени кон зајакнување на механизмите за солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ и заеднички европски систем за азил.

Европската унија се соочува со зголемување на бројот на мигранти кои влегуваат легално и илегално, што, меѓу другото, поттикна некои земји-членки привремено повторно да воведат гранични контроли во нормални услови, во зоната на слободно движење.

Шенгенските правила на ЕУ дозволуваат таква акција „како последно средство“, кон кое се прибегнува во случаи за кои се смета дека се сериозни закани за внатрешната безбедност или јавната политика.

Зачлени се на нашиот е-билтен