– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ништо нема да го спречи Израел да ја уништи палестинската милитантна група Хамас.
„Продолжуваме до крај, до победата и до елиминацијата на Хамас. Ништо нема да не спречи“, рече Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека Израел почнува да ја губи поддршката поради „неселективното“ бомбардирање на Газа, додавајќи дека Нетанјаху треба да ја промени својата „тврдокорна“ влада.
Во израелските напади врз Газа од 7 октомври до денеска загинаа околу 18.000 Палестинци.