Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел ги засили нападите врз борците и инфраструктурата на Хезболах во Либан

 Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека ги нападнала борците и инфраструктурата на Хезболах на либанска територија.

ИДФ соопшти дека регистрирале истрели од правец на Либан кон Кибуц Кифтах, на северот на Израел и дека ракетите паднале врз ненаселени области.

Како што јави Ал Џезира, локалните медиуми во Либан, повикувајќи се на очевидци и официјални лица, објавија дека попладнево имало неколку израелски напади на либанска територија.

Либанската група Хезболах објави дека попладнево извршила четири напади врз позиции на израелската војска, тврдејќи дека нанела жртви на израелската армија. Размената на оган меѓу Израел и Хезболах трае од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас. 

Зачлени се на нашиот е-билтен