Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелската армија најави четиричасовна хуманитарна пауза во борбите во Појасот Газа

 Израелската армија објави четиричасовна „тактичка“ пауза во борбите во населбата Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Четиричасовната пауза е за „хуманитарни цели, за да му се овозможи на цивилното население да ги надополни резервите со храна и вода“, соопшти денеска на платформата Икс (поранешен Твитер) израелскиот тело одговорно за контакти со Палестинците.

Прекинот на борбените дејства е ограничен на населбата Ал Салам во Рафа. Градот има граничен премин со Египет, кој се користи за транспорт на хуманитарни материјали за цивилното население во блокираниот крајбрежен појас. 

Зачлени се на нашиот е-билтен