Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американскиот новинар Гершкович останува во притвор во Русија, судот ја одби неговата жалба

– Новинарот на „Волстрит журнал“ Иван Гершкович, кој беше затворен во Русија под обвинение за шпионажа, останува во притвор бидејќи Градскиот суд во Москва, каде што е притворен, денеска ја одби неговата жалба.

Гершкович беше уапсен во март додека известуваше од градот Екатеринбург, а руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека тој „под инструкции на Соединетите Американски Држави собирал информации што претставуваат државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на руски воено-индустриски комплекс“.

Гершкович е првиот американски новинар обвинет за шпионажа во Русија од 1986 година, кога КГБ го уапси Николас Данилоф, московскиот дописник на американскиот „Њуз и ворлд репорт“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново